Бартомеу: Ве лажат, финансиската состојба во Барселона не е толку лоша

од Nikola Popovski
394 прегледи

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу, ги отфрли обвинувањата на актуелната управа дека тој фудбалскиот клуб го оставил на работ на банкрот поради лошо водење.

Бартомеу рече дека повеќето финансиски проблеми се предизвикани од пандемијата на коронавирус, која го затворила стадионот повеќе од една година и ги намалила другите извори на приход.

„Немаше лошо управување, не оставивме лошо наследство. Клубот е одржлив, има многу ресурси за да излезе од овој проблем, и без пандемија, ќе загубеше само 50 милиони евра во 2020/2021 година“, изјави тој.

Барселона фискалната година 2020-2021 ја заврши со загуба од 481 милион евра.

Извршниот директор на Барселона, Феран Ревертер, минатата недела рече дека пандемијата предизвикала 108 милиони евра од тие загуби, а остатокот е предизвикан од трошоци што ги надминале приходите за време на мандатот на Бартомеу.

Кога Лапорта ја презеде функцијата во март, неколку месеци откако раководството на чело со Бартомеу поднесе оставка, тој рече дека открил дека списокот на плати на играчите изнесува 650 милиони евра, што клубот едноставно не може да си го дозволи.

Бартомеу се согласи со управата, која одобри високи плати за sвездите на тимот, како Лионел Меси, Луис Суарез и Антоан Гризман. Клубот ги пушти сите тројца да го напуштат „Камп Ноу“ во последните две сезони бидејќи не можеше да ги издржи нивните плати.

Тој оцени дека Барселона направила грешка кога одлучила да не го продолжи договорот со Меси и го пуштила да замине во Пари Сен Жермен како слободен играч.

Слични содржини