364
Марјан Неќак е добитник на Специјалната награда на градот Крагуевац на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест” за извонреден музички концепт во претставата „Само глас” во продукција на МНТ, соопштија од Македонскиот народен театар.
„Она што жирито на овој фестивал го воодушевува е: „музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста. Ова е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на глумецот и на текстот и на режијата и на сценографијата и на филмот. Доминантен партнер“, се додава во соопштението.