Мекгрегор се дружеше со Мурињо во Рим

од Vladimir Zorba
477 прегледи

ММА легендата Конор Мекгрегор претстојува во Рим, каде што ужива во знаменитостите на вечниот град. Но, бидејќи Ирецот е голем љубител на фудбалот, тој се сретна со тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

Португалецот му го подари дресот на римски клуб со име „Конор“, над бројот 10 на неговиот грб.

Познатиот ММА борец сподели фотографии од дружењето со Мурињо на социјалните мрежи, што се случи со чаша виски.

Инаку, Мекгрегор вчера пазареше во текот на денот во главниот град на Италија, каде што беше опкружен со голем број телохранители.

Слични содржини