Со зурли и тапани и запалени факели, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред партиското седиште во центарот на Скопје, откако партијата прогласи победа во првиот круг на изборите за градоначалници во 19 општини.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва објави дека партијата досега издвојувала победа во 19 општини.
-Победивме во прв круг во Прилеп, Градско, Илинден, Јегуновце, Кратово, Виница… Водиме во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и можно е тука победа уште во прв круг. Исто така водиме и во Ѓорче Петров, објави Милошоски, додавајќи дека имаат предност во Битола и Гевгелија.
Во однос на град Скопје, Милошоски истакна дека кандидатката Данела Арсовска има минимална предност во однос на Петре Шилегов.