Иванов: Граѓаните останаа разочарани од „метлата“ на Заев

од Nikola Popovski
657 прегледи

Бранот се враќа назад. Ова се должи на многу работи, вели новинарот Зоран Иванов за емисијата „Само вистина“.

Според него, овие избори најдобро покажале дека политичките партии не можат да сметаат долгорочно и постојано на неопределените гласачи, дури ни на симпатизерите, туку само на тие со членски книшки.

-Се покажа дека СДСМ не може да смета на тоа. Довербата не се губи за 24 часа, ова трае уште од Преспанскиот договор. Се редеше непотиам, афери, затворени тендери. Ова со Бугарија е врвот и се се собра на купче. Опкружувањето на партискиот врв со кадри кои не се адекватни за потребите на граѓаните, поточно карактерите на луѓето кои се на одговорни функции. Граѓаните останаа разочарани од кадровската политика, од метлата на Заев која тој ја најавуваше, рече Иванов.

Слични содржини