Атанасовски: Чесно и принципиелно е Заев да ги повика гласачите во Тетово да гласаат по сопствена волја

од Берта Китинска
1,9K прегледи

Чесно е , и принципиелно лидерот на владејачката партија да ги повика своите гласачи да гласаат по сопствена волја и  убедување во вториот круг, особено што во политички климавата ситуација во која се наоѓа после првиот изборен циклус, би било многу ризичен чекор во Тетово да застане позади било кој од кандидатите во втор круг , од кои еден е лидер на етничко албанска партија со 4 пратеници во владејачкото мнозинство, клучни во овој момент истото да се задржи, вели во разговор за „Локално“, политичкиот аналитичар  Благојче Атанасовски во однос на тоа кого лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе поддржи во Тетово каде во вториот круг  копјата ќе се кршат помеѓу Теута Арифи за трет мандат од ДУИ и лидерот на Беса, Билал Касами.

-Градот Тетово е фактички „главниот град“ на Албанците кај нас, односно најголем град со мнозинско етничко албанско население, па оттука најчесто се доживува заедно со Гостивар, како еден од двата најважни „ трофеи“ за политичките партии на Албанците на едни локални избори кај нас, вели  Атанасовски.

Според него потегот на „Коалицијата за промени“ да настапат сами на локланите избори е малку чуден и несвојствен .

-Од две политички партии кои во изминатите четири години беа дел од владејачката коалиција и носат исто така одговорност за состојбите во кои се наоѓаат државата и општеството, па оттука  вие да повикувате на промени е малку дегутатно, неискрено, дури би рекол политички шизофрено.Освен да си ги подигнат внатрепартиските влогови и да добијат повеќе концесии за во иднина во предкоалициските договарања, друга логика не гледам. Доколку би сакале да функционираат во иднина како коалициски партнери, логично би било СДСМ , да биде поддржан од ЛДП-ДОМ, во вториот круг во Битола. Сепак, гласачите никој не ги носи во џеб, и оттука партиските комбинаторики за тоа колку гласови би се прелеале од еден кандидат кај друг, е малку потценувачки кон интелигенцијата на граѓаните, макар и на едни локални избори во оваа и ваква држава, објаснува аналитичарот.

Во однос на изборната состојба по првиот круг во Арачиново каде  овој пат ДУИ си ја поврати предноста во оваа општина, досегашната градоачалничка Милкије Халими влегува во вториот круг како второпласирана, односно заостанува со околу 263 гласа пред кандидатот на ДУИ, Ридван Ибраими,Атанасоски оценува дека во оваа ситуација граѓаните ќе одлучат дали ќе и го дадат гласот на актуелната градоначалничка, односно нејзините ветувања и работа ќе бидат пресудни за нејзината победа.

-Интересно би било, бидејќи станува збор за два главни коалициски партнери. Сепак, ќе стане збор дали граѓаните ќе сакаат да и дадат втор мандат на актуелната градоначалничка, доколку се задоволни од нејзините ветувања и реализирани проекти, или пак ќе ја сменат незадоволни од нејзините менаџерски капацитети во една скопска рурална општина, која има голем потенцијал за развој. Но, би било реално тешко и енигма да се процени дали и колку од гласовите на кандидатот на Алијансата за Албанците би гласале или за кандидатот на СДСМ , дали на ДУИ, или пак во голем дел би апстинирале, коментира аналитичарот.

На прашањето кого би поддржил ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник во Карпош, која ќе биде меѓу Стевче Јакимовски и  Душко Весковски од СДСМ, Атанасоски смета дека ситуациајта во оваа скопска општина е најголемата енигма.

-Очигледно Стевчо Јакимовски бидејќи се коалициски партнери во изминатите осум години, и би било сосема реално и логично. Прашањето е дали максимално многу, или пак релативно доста од гласачите на Оливер Зафировски ќе отидат на контото на Јакимовски , колку од центар/зелените и досега неопределените  опции ќе застанат зад Весковски, и како ќе се однесуваат гласачите на Левица во вториот круг во Карпош е најголемата енигма, бидејќи станува збор за идеолошки најизмешаното гласачко тело од разни возрасни и социјални структурни категории . Како и да е , во овие погоренаброените општини ќе биде и тоа како интересна трката во вториот круг, вели тој.

Б.М.

Слични содржини