Очекуваме дека извештајот на Европската комисија за напредокот ќе биде позитивен и ќе процени дека има континуитет во напредокот и посветеноста на реформите. Очекувам и во однос на кластерите по области да има напредок. Очекувам дека Комисијата ќе ги потврди и напорите што ги вложивме за решавање на односите со Софија. Одиме низ опасен терен, а знаеме дека без европскиот кредибилитет овој регион може да завлезе во опасни води. Очекувам нотирање на успешниот попис и демократските избори, кои поминаа без инциденти што е знак за сериозна демократска држава и е многу тешко да се изведе во мултиетничка држава, вели министерот за надоврешни работи Бујар Османи за Утрински Брифинг.
Во врска со односите со Бугарија, која е членка на ЕУ и чиешто мислење има влијание за нашиот евроинтеграциски пат Османи вели дека разговорите продолжуваат.
-Непредвидливоста на Бугарија ни предизвикува проблем. Правевме планови за првите, вторите, третите избори во Бугари но неизвесно е дали ќе имаат политичка влада. Сега има мал застој во разговорите, но за неколку дена ќе има средба на заедничката комисија, по што ќе следи средба, четврта по ред, меѓу двете МНР, а ако има напредок ќе се сретнеме на министерско ниво, вели Османи за односите со Бугарија, вели Османи.