Третманите со LED светла за домашна употреба стануваат сe попопуларни

од Nikola Popovski
402 прегледи

„Анти-ејџ“ категоријата постојано се движи напред, не само во областа на новите состојки, туку и во самите апарати.

Еден од поновите хитови е домашниот третман со LED светло, кој доаѓа во форма на цврста, компактна маска што го покрива целото лице.

Имено, овој третман со години е хит во салоните за убавина и дерматолошките операции, но сега доби своја домашна верзија.

Многумина го сакаа овој гаџет, па пазарот расте. Денес, го нудат многу куќи, ветувајќи младост и свежина на кожата.

LED терапијата работи со стимулирање на циркулацијата на кожата и производство на колаген.

Исто така, ја подобрува стапката на заздравување на кожата и се користи за разни лузни, особено оние после акни.

Овој третман во форма на маска за домашна употреба е се побаран, а експертите посочуваат дека и другите делови од телото, како што се деколтето, стомакот и рацете, можат да се третираат на сличен начин, пишува Bustle.

Слични содржини