Објавените платите на возачите на камиони во Германија, се заканува голема криза

од Nikola Popovski
804 прегледи

Возачите на камиони во Германија заработуваат под просекот, што дополнително може да доведе до недостаток на работници во шпедиција, објави германскиот Завод за статистика.

Според последните податоци, квалификувани возачи на камиони со полно работно време и вработени на неопределено време заработуваат просечно по 14,21 евра бруто на час.

Возачите без завршено стручно училиште заработуваат 12,91 евра на час.

Ова е значително пониско во споредба со остатокот од пазарот на трудот во Германија, каде квалификуваните работници заработуваат во просек по 19,97 евра на час.

Просечната бруто плата на квалификуван возач на камион изнесува 2.623 евра, додека во останатиот дел од економијата, бруто платата за работниците со квалификација е 3.286 евра, објави германската агенција ДПА.

Професионалното здружение на возачи на камиони „БГЛ“ предупредува дека во Германија, во следните две години, може да дојде до колапс во шпедицијата, сличен на оној што се случи неодамна во Велика Британија.

„Веќе денес, на Германија ѝ недостасуваат 60 до 80 илјади професионални возачи. Годишно се пензионираат 30.000 возачи, а доаѓаат само 15.000 од оние што штотуку влегуваат во оваа професија“, објави БГЛ.

Дирк Енгелхарт од БГЛ верува дека она што се случува сега во Велика Британија, каде поради Брегзит имаше колапс во снабдувањето поради недостаток на возачи на камиони, доаѓа во Западна Европа, но со „помал временски интервал“.

„Брегзит во Велика Британија само го забрза овој процес. Одиме кон колапс во секторот логистика и снабдување“, рече Енгелхарт, пренесува Јутарњи лист.

Слични содржини