Многумина од нас го започнуваат денот со шолја кафе, а новото истражување откри и дали овој пијалок е навистина здрав.
Резултатите од ова истражување покажаа дека за повеќето луѓе, кафето е навистина здраво кога се консумира умерено. Една нова студија, исто така, сугерира дека кафето може да има позитивни ефекти врз здравјето на срцето.
Студија објавена во Европското здружение за кардиологија покажа дека пиењето помеѓу половина и три чаши од овој пијалок дневно е поврзано со помал ризик од срцев удар, смрт од кардиоваскуларни заболувања и смрт од други причини.
Друго истражување објавено во списанието BMC Public Health покажа дека оние кои редовно пијат кафе имаат 21 отсто помали шанси за развој на хронични заболувања на црниот дроб.
Но, без оглед на здравствените придобивки што ги има, треба да се обрне внимание на внесот на кофеин за да не се претера. Имено, прекумерните количини на кофеин предизвикуваат забрзано чукање на срцето, вознемиреност и несоница.
Се препорачува да не пиете повеќе од три шолји кафе дневно за да не претерате со кофеин, пренесува „Eat this“. Повеќето луѓе можат да ги толерираат овие количини и да добијат здравствени предности во тој процес, но запомнете дека умереноста е клучна во се.