„Јас ја отворив широко вратата и на ВМРО -ДПМНЕ и на Коалицијата „Обнова за Македонија“. Секој оној кој сака да види во една напредна, чесна, честита Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната изјава.
Мицкоски информираше дека е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат.
„Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски.