Нови информации за австралиската драма: Новак ќе настапи во Мелбурн

од Nikola Popovski
586 прегледи

Дали Новак Ѓjоковиќ ќе учествува на Австралија опен? Ова прашање е едно од главните во светот на тенисот, бидејќи најдобриот тенисер на светот во Мелбурн потенцијално би можел да ја подигне рекордната 21. грен слем титула. За ова зборуваше и тенискиот тренер Роџер Рашид, кој фрли ново светло врз целиот случај.

Рашид верува дека нема сомнение дека Србинот ќе игра и очекува ситуацијата во Австралија значително да се промени за неколку недели.

„Мислам дека Новак ќе биде тука во јануари. Дотогаш ќе го достигнеме потребниот број вакцинирани, ситуацијата ќе се промени во текот на следните неколку недели. Се поблиску сме до отворање на се и ситуацијата ќе биде поинаква на крајот на годината“, рече Рашид за „SEN Sportsday“.

Човекот кој работи и како тениски коментатор не застана тука кога зборуваше за деветкратниот шампион на турнирот во Мелбурн.

„Новак веројатно го интересира само што ќе се случи на крајот на декември, бидејќи условите овде диктираат како да се влезе во Австралија. Тој сака да го собори рекордот, би било одлично за нас да бидеме во Австралија и сакаме да го срушиме оној рекорд овде, тоа е нешто што ќе се истакне во светот на спортот “, рече Рашид, сигурен како да имал информации од прва рака.

Да потсетиме, Новак неодамна зборуваше на оваа тема и истакна дека не знае дали ќе игра во Мелбурн.

Алекс Хоук, министер за имиграција во Австралија, зборуваше за условот сите странски државјани да имаат доказ дека примиле две дози од вакцината пред јануари.

„Немам посебна порака за Ѓоковиќ. Имам порака за секој што сака да ја посети Австралија. Мора да биде целосно вакциниран“, рече Хок.

Слични содржини