Сколс: Ако играме вака против Ливерпул и Сити, ќе биде катастрофа!

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Легендата на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс призна дека е многу загрижен за играта на Манчестер Јунајтед во првото полувреме на вчерашниот натпревар со Аталанта.

Според него, шемата на игра со двајца дефанзивни играчи од средниот ред и четворица офанзивни играчи пред нив е целосно неприменлива против силните тимови и доколку Јунајтед излезе вака против Ливерпул и Манчестер Сити, ќе биде поразен.

Дербито против „црвените“ од Мерсисајд е на крајот на неделата.

„Првото полувреме ми го одвлече вниманието од второто. Тоа беше вознемирувачки. Личеа не сè, освен на тим. Тоа се гледаше при четворицата дефанзивци, кај двајцата дефанзивни играчи за врска, а потоа и кај сите други. Дали можат да излезат и да играат така против Ливерпул и Манчестер Сити? Никогаш. Двајцата играчи од средниот ред играа сами. Дозволија толку многу ситуации. Нема да победат на овие натпревари против квалитетен противник. Замислете Јирген Клоп како го гледал ова прво полувреме на „Олд Трафорд“, сигурно ги триел рацете, изјави легендата на Јунајтед.

Според Сколс, тимот не може да продолжат да се потпираат на Давид де Хеа на овој начин.

„Не сакам да звучам како личноста што ја уништил забавата по овој успех, но првото полувреме е многу загрижувачко за мене. Жал ми е за двајцата играчи од средниот ред, но нема шанси тимот да игра 4-2-4 викендов бидејќи ќе биде уништен. Фред и Мектомини не можат сами. Предните четири беа толку високо поставени, што немаа никаква врска со тимот. Ако играме така против Манчестер Сити и Ливерпул, тоа ќе биде катастрофа“, изјави Сколс.

Слични содржини