И Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од пратеникот Енес Ибрахим, останува дел од владејачкото мнозинство. Во соопштение до медиумите, од ТХП наведуваат дека по завршувањето на првиот круг од локалните избори ќе се посветат на изборни активности и во пресрет на вториот круг и нагласуваат дека без калкулации остануваат дел од власта.
„Како единствена прогресивна партија на турската заедница во Северна Македонија, остануваме доследни на нашите политички определби, кои се темелат на демократските вредности и принципи. Здравата иднина на нашата земја, како и општата благосостојба на граѓаните секогаш биле и ќе останат приоритет на ТХП. Со таа цел, без никакви калкулации, остануваме дел од владиното мнозинство и веруваме дека со повеќе напори ќе успееме да ги коригираме недостатоците и ќе ги оправдаме очекувањата на граѓаните“,велат од ТХП.