ЌЕ ИМА НОВ ТЕНДЕР: РЕК Битола остана без јагленот што го бараше

од Берта Китинска
549 прегледи

Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало  – но количините кои се нуделе биле мали.

Државното електростопанство ќе мора да распише уште еден тендер  за набавка на јаглен за термоелктраната Битола, бидејќи на последниот тендер компаниите не понудиле доволни количини. Количините понудени за термоелктраната Осломеј се според барањето, соопшти денеска ЕСМ.

Оттаму соопштија дека на јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори. Вкупно  5 понуди за јаглен се дадени за РЕК Битола, а  8 понуди се дадени  за РЕК Осломеј.

– Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен – информираат од ЕСМ.

Од компанијата велат дека во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет.

Слични содржини