Верувам дека до крајот на неделава ќе се истестираат за Ковид-19 околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат согласностите од родителите, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак.
-Сепак, да почекаме, се уште е рано. Ако некои родители не даваат согласност за тестирање, се оди на алтернатива на друго дете во класот. Засега нема отпор и не верувам дека ќе има, рече Филипче.
Тој додава дека останува да важи препораката за трета доза вакцина против Ковид-19, после третиот месец од примањето на втората доза на руската вакција Синофарм.
-За сите други вакцини, освен за Синофарм, третата доза треба да се прими после шестиот месец. Тоа е така, според светските трендови и упатства од меѓународните институции, кои ние ги следиме, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.