(ФОТО) Приведен осомничен за монструозното убиство на тричленото семејство во Србија

од Nikola Popovski
948 прегледи

Како бомба одекна веста во Србија дека осомничениот за убиството на тричленото семејство Ѓокиќ од Алексинац, е наводно нивни близок роднина.

По првите информации за деталите за апсењето и новите детали за злосторството, во медиумите се појави фотографија од осомничениот.

Г.Џ е подалечен роднина на Горан Ѓокиќ и поранешен пожарникар. Како што пишуваат српските медиуми, тој често го миел автомобилот на семејството Ѓокиќ, а убиениот Горан не дозволувал други да се приближат до возилото бидејќи наводно имал тајни сефови во автомобилот.

„Г.Ј. однапред испланирал сè, го подготвил бензинот, нашол дупка каде ќе ги закопа телата, ги однел таму, ги убил и ги запалил“, пренесени се детали од истрагата, пишуваат српските медиуми.

Во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се и други предмети кои, како што било соопштено, несомнено биле дел од ова свирепо убиство, како и парите за кои постои сомневање дека им припаѓаат на семејството Ѓокиќ.

Потсетуваме, семејството последен пат било видено во селото Шитковац кај Алексинац, а нивниот автомобил бил пронајден изгорен на 2 октомври, по што беа пронајдени телата на Горан (57), Гордана (56) и Лидија Ѓокиќ (26) .

Слични содржини