Премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, синоќа изјави дека ситуцијата во вториот круг од локалните избори е сега разбистрена, како и дека верува во успех во Скопје, иако за него резултатот по првиот круг не бил очекуван.
Анализирајќи ги гласовите, Заев рече дека СДСМ не загуби од ВМРО-ДПМНЕ, кое, како што посочи, ако го споредувате со било кој претходни избори има понизок број на гласови.
-Коце Трајановски имаше 101 илјада гласа во 2017 година, Петре Шилегов имаше 141 илјада гласови. Даниела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ сега имаат 85 гласови заедно со Алијанса на Албанците, кои што гласаа за неа. Ако ги споредите гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе ги минусирате тие од Алијанса, се помалку дури и од лани, кога имаа 79 илјади, сега имаат 78 или 77 илјади. ВМРО-ДПМНЕ, ако во нешто е константен, тоа е дека паѓа, изјави Заев.
Тој информира дека после изборите, градот Скопје ќе си формира граѓански совет.
-Видовме што е граѓанството во Скопје. Тоа ВМРО-СДСМ може по дома, ништо не сме ние без граѓаните. Граѓанскиот совет ќе каже што треба за крупните работи како буџет, програма, репрограма. После тоа ќе си носи политичкиот совет на општината, па градоначалникот ќе имплементира, додава Заев.