Целокупниот политички контекст во кој работат медиумите е генерално поволен за промовирање на слободата на изразување и плуралистички гледишта во Република Северна Македонија – нагласува новиот извештај на Европската Комисија за 2021 година, велат од МИОА.
Општиот контекст во нашата земја е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите се вели во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ за 2021 година.
Професионален и коректен однос кон сите засегнати страни и чинители во медиумската фела е нашиот водич во процесот на реформи во медиумската сфера со цел овозможување на клима за промовирање на слободата на изразување, велат од МИОА.
Министерството за информатичко општество и администрација започнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со EU aquis и европските стандарди, што е барање кое се наведува и во новообјавениот извештај. Реформите ќе бидат донесени преку консултативен и отворен процес и активностите ќе бидат координирани со сите институции и чинители во областа.
Предизвиците наведени во извештајот ќе бидат адресирани соодветно, и справувањето со истите како и подобрувањето на состојбите претставуваат цел во нашето работење.