Пуштена е втората адреналинска велопатека на Водно (ВИДЕО)

од Берта Китинска
416 прегледи

Скопјани и сите љубители на природата и велосипедизмот овој викенд може да го искористат за адреналинска рекреација на новата велопатека „Flow“, наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје каде обезбедуваме безбеден простор за движење на велосипедистите, комплетно одвојувајќи ги од планинарите и останатиот сообраќај.

-Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и истата ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина. Со просечна стрмнина од 6%, патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“, истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема.

За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките кои ги направивме на Водно ги повикувам сите љубители на природата недела на 24-ти Октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10:00 и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забавапишува на својот Фејсбук профил, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Петре Шилегов.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Слични содржини