МНР: Не е најдена никаква трага за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Изминативе неколку дена во јавноста се појавија информации за наводна злоупотреба на дипломатска пратка, а во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока да се прегледа целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите наводи.

Според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба, велат од МНР.

Дополнително, дадена е насока и во рамките на дипломатско конзуларните претставништва за проверка на сите добиени информации за евентуални случаи со приведени наши граѓани, кои би можеле да бидат слични со пласираните наводи. Засега и од нашите претставништва не е добиена информација за евентуален сличен случај, кој би можел да соодветствува со наводите.

„Иако нема потврда за постоење на ваков случај, министерството има политика на нулта толеранција за злоупотреба или евентуално фалсификување на дипломатски документи или документи на институцијата, и оттука, Министерството за надворешни работи во следниот период ќе продолжи со темелни проверки на појавените наводи и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста“, се вели во реакцијата на МНР.

Слични содржини