Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб.
Оваа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските државјани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена.
Хрватското членство во т.н Програмата за укинување на визите е важен чекор во понатамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји, соопшти амбасадата.
„Неверојатно сме задоволни што хрватските граѓани сега уживаат во можноста да патуваат во САД без визи“, рече вршителот на должноста на американската амбасада во Загреб, Марк Флеминг.
„Ова беше долг, но важен процес и ги поздравуваме напорите на хрватската Влада да ги исполни строгите барања на нашата програма“, рече Флеминг, пренесува Јутарњи.хр.
За да може една земја да влезе во оваа програма, мора да ги исполни критериумите од областа на борбата против тероризмот, спроведувањето на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, се објаснува во соопштението. Се додава дека процентот на одбиени визи мора да биде под три проценти, што Хрватска го исполни неодамна.