Денес благодарение на тоа, го живееме својот сон, членка на НАТО и аспиранти за членство во ЕУ. Тешки државнички одлуки сме носеле и тешки борби сме воделе против режимот, изјавил денес премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев пред жителите на Вевчани.
Заев истакнал дека останува борец до крај.
-Силата ја црпам од вас граѓаните и сакам и вас да ве поттикнам да се борите, и никако да не дозволиме да се врати режим.
Другата опција е само за моќ, власт и пари. Затоа ова е пресуден момент не само за Вевчани туку и за целата држава. Одлуката е дали остануваме на вистинскиот пат кој носи успех, прогрес и развој на општини и државата или ќе се враќаме во мрачното минато.
Како никоја друга Влада претходно, оваа Влада ги поддржа општините и ќе продолжиме да го правиме тоа, но треба народот да се разбуди, и решително и одлучно да покажи дека борбата за напредна, модерна и европска држава ја водиме ние, кажа Заев од Вевчани.