Планиран атентат врз Вучиќ во јануари годинава?

од Nikola Popovski
450 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а дека обвинувањата за прислушкување на Вучиќ и аферата „Јовањица“ се обиди за државен удар.

„Тоа беше планирано долго и детално. Во МВР се формираа паралелни структури и се водеа кампањи во тајкунските медиуми кои ги пренесуваа медиумите во регионот со цел да се дехуманизира Вучиќ и тој и неговото семејство да се направи криминален клан“, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа истакна дека атентатот на Вучиќ бил планиран на откривањето на Споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27 јануари годинава, но не наведе детали и зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

„Да го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: „Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство“. Во МВР имаше многу. Монструозно е колку добро беше поврзана таа мрежа“, рекла Брнабиќ.

Таа нагласила дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“.

„Знам дека Српската напредна партија е единствената партија во историјата на Србија која рече дека сите се третирани еднакво и дека нема заштитени партии“, рече Брнабиќ.

Брнабиќ наведе дека Вучиќ бил под притисок од „напади“ врз неговиот син Данило, бидејќи „не можат“ да го обвинат за ништо поврзано со економски и политички прашања.

„Знаат која му е неговата слаба точка и почнуваат да удираат Данило. Вие криминализирате млад човек, тој постојано е на насловните страници на тајкунските дневни весници и неделници“, додаде Брнабиќ.

Слични содржини