Според последниот ковид-пресек во земјава, регистрирани се 15 починати лица.
По градови, билансот изнесува: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатотот лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.