Патиките што ги носеше легендата на НБА, Мајкл Џордан на почетокот на кариерата се продадени за речиси милион и пол долари, објави аукциската куќа „Sotheby’s“.
Тоа е рекордна цена што некои спортски патики ја постигнале на аукциска продажба.
„Највредните патики досега на аукција, Nike Air Ships од 1984 година што ги носеше Мајкл Џордан за време на редовната сезона, продадени се за 1.472.000 долари на аукција во Лас Вегас“, објави Sotheby’s на Twitter синоќа.
Патиките кои Џордан ги носеше на петтиот натпревар од првата сезона со Чикаго Булс станаа култни и на теренот и надвор од него.
Многумина сметаат дека Џордан е најдобар кошаркар на сите времиња.
LATEST: Michael Jordan’s earliest known regular season game-worn Nikes sold at a Sotheby’s auction in Las Vegas for $1.472 million, breaking an auction record for sneakers. https://t.co/yWayfdzn4z
— Bloomberg (@business) October 24, 2021