Швајнштајгер за Јунајтед: „Ова е очај, но не и изненадување“

од Vladimir Zorba
269 прегледи

По натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, на кој „црвените“ го демолираа противникот со 5:0, се огласи славниот Бастијан Шванштајгер, поранешен германски фудбалер.

Швајнштајгер истакна дека не е изненаден од епилогот на „Олд Трафорд“, односно од најубедливиот пораз на Јунајтед на домашен терен досега од Ливерпул.

„Очаен ден за сите навивачи на Манчестер Јунајтед и за клубот, но ова не дојде од никаде. Ова не е изненадување“, изјави Швајнштајгер.

Јунајтед веќе некое време не бележи добри резултати, не игра добро, а најголем виновник за тоа според експертите е менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ имаат само три победи во последните девет натпревари, со нерешено и пет порази и се на седмата позиција во Премиер лигата.

Во Лигата на шампионите се на првата позиција од групата А со шест бода од три кола, само благодарение на неверојатните пресврти против Виљареал и Аталанта.

Столот на Солскјер веќе извесно време се тресе, а поразот од Ливерпул само дополнително ги натера навивачите да побараат од управата да ја смени позицијата на шефот на стручниот штаб.

„Ливерпул покажа колку е огромна разликата меѓу тие два тима. Имаа филозофија и визија. Му честитам на Ливерпул и се надевам дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе се врати“, додаде поранешниот халф на Баерн Минхен.

Тој откри и интересна анегдота за Давид де Хеа, шпанскиот голман кој прими „петарда“ од „црвените“.

„Кога дојдов во Јунајтед, Де Хеа ме праша дали е подобар од (Мануел) Нојер. Му реков: „Не, не си. Тој е на друго ниво“. Тој се налути, но јас му објаснив зошто. Секогаш кога играше добро, повторно ме прашуваше, но јас секогаш му кажував дека не е на тоа ниво“, се присети играчот од средниот ред кој во еден момент од кариерата играше за „ѓаволите“.

Слични содржини