Еден од најдобрите леви бекови во историјата, Марсело реши да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната.
Бразилецот одамна не е во таа стара форма, со доаѓањето на Ферлан Менди во 2019 година целосно падна во втор план и долго време е резервен играч во тимот на Реал.
Тоа не го промени доаѓањето на Карло Анчелоти кој му даде предност на Давид Алаба, а сега и на закрепнатиот Менди, па Бразилецот оваа сезона забележа само еден настап во Ла Лига и уште еден во Лигата на шампионите.
Марсело нема намера да остане во Европа и решил да се врати во татковината, а прв во низата е Флуминенсе.
Марсело е дете на клубот и влезе во првиот тим како 17-годишник. По две сезони, во јануари 2007 година стигна покана од Реал Мадрид, која не можеше да ја одбие.
Останатото е историја – Марсело го замени Роберто Карлос и испиша историја во Реал Мадрид. Тој има освоено пет трофеи во Ла Лига, четири Лига на шампиони, одигра над 500 натпревари и дефинитивно ќе биде една од најголемите легенди на клубот.