Oд ВМРО-ДПМНЕ се јави со реакција по прес-конференцијата на која СДСМ објави документ, според кој кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство од 2011 година.
„Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев.СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини и ниту една црна кампања, вклучително и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот. Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија, додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во четири очи договорил да продаде со бугарската власт. Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. Четири стана и две хациенди е учинокот на Шилегов како градоначалник“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.