Богдановиќ демантира: Немало поплава од фекалии во ОУ Димитар Миладинов

од Nikola Popovski
580 прегледи

Општина Центар најостро реагира на денешниот статус на Фејсбук на Наташа Котлар кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Центар, кој го пренесоа дел од медиумите, дека во ОУ Димитар Миладинов имало поплава од вода со фекалии, информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според него, во училиштето е настанат дефект и пукната е цевка од радијатор за топлинска енергија која веќе се санира.

-Станува збор за дефект кој ќе се отстрани во најкус рок по што наставата ќе се нормализира. Го осудуваме ваквото грубо манипулирање и заплашување на родителите. Општината ќе информира точно за деталите околу наставата за најкус рок, појаснува Богдановиќ.

На сите ТВ дуели и дебати досега мојот противкандидат Горан Герасимовски доаѓаше со сервирани информации и податоци од Општината, стои во Фејсбук статусот на кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.

Таа прашува зошто цели два дена и Герасимовски и Општината кријат од јавноста дека во ООУ Димитар Миладинов нема настава поради поплава од фекални води низ два ката на училиштето.

Слични содржини