Тачи: Не паѓа оваа влада, ќе видите од понеделник

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва изјави дека резултатот од првиот изборен круг е одличен за владината коалиција.

-Граѓаните сакаат европски пат, по кој се движи владата. Земете ги гласовите на партиите од владината коалиција, имаат над 100.000 гласови повеќе од другите. Добро е, со овој резултат избегнуваме меѓуетнички тензии и дестабилизација, вели Тачи во емисијата „Клик плус“.

Тој укажа дека премиерот Зоран Заев се уште има голема поддршка од меѓународниот фактор и инвестициите на меѓународниот фактор во Македонија.

-Странците нема да дозволат оваа Влада да падне така лесно. Ќе видите од понеделник, Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива станува дел од ДУИ, додека пак Алијанса за Албанците ќе биде дел од ДПА, вели Тачи.

Слични содржини