Јавно објавен документ, односно „Удостоверение“ од бугарско министерство за правда, потврдува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 на Арсовска и дал бугарско државјанство. Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина, повторно информираат утрово од владеачката СДСМ.
Според нив, ова е класично потценување и навреда на скопјани од страна на Арсовска кадарот на Груевски и конзул на Унгарија.
-Во Скопје не минуваат странски инсталации кои работат на штета на државните интереси и интересите на граѓаните.
Во недела граѓаните силно ќе го поразат овој обид за нивно потценување, ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и ќе се обединат за да продолжи развојот на Скопје со Петре Шилегов, стои во соопштението на СДСМ.
Во синоќешното гостување на емисијата „24 анализа“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје категорично демантираше за постоење на бугарско државјанство.
-Јас немам ниту една дамка. Се до сега што кажаа од почеток до крај во оваа кампања граѓаните треба да знаат дека се е лага, рече Арсовска.