Минувам низ тешки периоди можеби, но секогаш сум бил рационален, одмерен, знам да пресметам што значи, како значи. Целта на ваквиот наратив е повикот кон граѓаните на мобилизација, вели премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“, зборувајќи на темата за вториот круг од локалните избори.
Според него, изборите дефинираат правец на движење на државата, а дома кога се седи не се помага.
-Тогаш не е јасно мнозинството граѓани во каков правец сакаат да се движи земјата. Поголемата излезност на гласачите ни одговара. Аналитиките се познати, ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот. Нашите политики имаат огромен потенцијал, прво поради проевропските политики и успеси, а второ поради концептот „едно општество за сите“ и нашето мултиетничко општество, констатира Заев.