Заев за Арсовска: Имало Скопје кмет во 1941 година, но нов не ни треба

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Не можете да бидете претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Таа е државјанка на туѓа држава, што значи сериозна е работава, одговори премиерот Зоран Заев на информациите што излегоа од СДСМ дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска има бугарско државјанство.

Премиерот потенцира дека немаше чист мандат од Арсовска за обвинувањата.

-Вистината излегува. Бираме градоначалник во Македонија, а не во Бугарија. Имало Скопје кмет во 1941 година, но нов не ни треба. Тврдам дека е бугарска државјанка. Испаѓа дека таа е државјанка на трета држава и доаѓа во Скопје. Македонија е пријателска земја, но ова е премногу. Очекувам веднаш да се повлече и да не го лаже народот, појаснува Заев.

Слични содржини