Заев: За Скопје ја ставам на коцка мојата лична кариера

од Берта Китинска
373 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека за Скопје ја става на коцна неговата лична кариера и ги повика скопјани на одговорност пред себе и пред татковината.

Коментирајќи ги наводите дека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има и бугарско државјанство, Заев рече дека тоа е сериозно и оти таа досега не ги демантирала овие наводи.

-Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат иманипулирани. Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава. Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани. -Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, рече Заев.

Слични содржини