Барса пресече, Куман доби отказ

од Vladimir Zorba
595 прегледи

Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона, потврди каталонскиот гигант.

Барселона со поразот од Рајо Ваљекано падна на деветтото место на табелата, по десет кола има само 15 освоени бода, а падот што ја прели чашата беше исклучително лош настап против тимот од предградието на Мадрид.

„Барселона го ослободи Роналд Куман од должноста прв тренер“, се наведува во кратката порака што ја испратија Каталонците.

Засега не се знае кој би можел да го замени, но веќе извесно време се споменува името на Чави, легендарниот фудбалер на оваа екипа, како и на Луис Енрике, поранешниот шеф на каталонскиот гигант.

Слични содржини