Левица и ВМРО-ДПМНЕ ја објавија својата коалиција во Град Скопје

од Vladimir Zorba
2,6K прегледи

Досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје, соопштија од Левица.

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население, додава партијата на Апасиев.

Левица инаку вчера излезе со став пред претстојниот втор круг на локалните избори во кој, според нив, партиските симпатизери треба „да гласаат по сопствено убедување“, но…

– Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, велат од партијата на Апасиев.

Левица, според соопштението, не е градена како „пајтон-партија за еднократна употреба“, туку како „брзорастечко политичко движење кое го презема приматот во левиот политички спектар“.

– Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата. 2. Во оние општини каде што во советите постои апсолутно мнозинство од редовите било на ДПМНЕ, било на СДС – нашите советници ќе делуваат како опозиција и ќе бидат гласот на обичниот човек, внатре во институциите, се вели меѓудругото во соопштението.