Маричиќ: Адвокатите на Камчев немаат факти за оспорување на доказите, ЈО уверува дека случајот е чист

од Берта Китинска
423 прегледи

Не ја гледам причината зошто одбраната сака да ги оспори доказите, одговори министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“, на прашањето за обидот за оспорување на доказите на одбраната на Орце Камчев во предметот „Плацеви на Водно“.

-Тоа се сериозни материјали кои обвинителството ги прибавува преку меѓународната правна помош. Тука Министерството за правда само проследува барање на Обвинителство. Не знам од каде е идејата да се оспорат овие докази, тие се доставени од кипарските власти. Официјално, документацијата е проследена преку Министерството за правда, иако обвинителката ги имала на мејл со цел да се забрза процесот, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека во Министерството за правда тие не смеат да ги отворат документите, бидејќи се класифицирани и нивно е само да ги предадат на Обвинителството.

Слични содржини