Денеска пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ даде изјава за медиумите по повод синоќешниот напад на активистите на СДСМ кои делеа флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група.
-Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада, информира таа.
Георгиевска прашува дали причина за ваквиот крвнички напад е флаер, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?
-Нападот е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што очекуваме и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите, вели пратеничката.