321
ДИРЕКТОР на бразилскиот нисколигаш ЦДЦ Ново Арипуана со нож го нападнал играчот на клубот и го избодел, пренесува „Глобо“, додавајќи дека трагедија е избегната и дека повредениот фудбалер се опоравува.
Причина за конфликтот во кој бил употребен ножот била кавга која настанала за вреќа брашно.
Според „Глобо“, сето тоа се случило во Манаус пред неколку дена кога директорот на клубот од пакетот со храна што го добил еден фудбалер зел вреќа брашно. Фудбалерот го обвинил за кражба, настанала расправија, а потоа и конфликт кој прераснал во напад со нож.
Атмосферата во клубот е лоша поради слабите резултати и петте порази со гол разлика 0:33, но и неисплатата на платите на играчите.