Опозициската кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, во своето гостување на Канал 5, изјави дека е подготвена да се откаже од статусот конзул на Унгарија, како и од функцијата претседател на Сојузот на стопански комори, за да ѝ се посвети на градоначалничката функција.
Арсовска рече дека ќе се откаже од нејзините функции бидејќи, како што кажа, „единствената намера што ја има во следниот период е да биде претставник на сите скопјани во градот Скопје“.
-Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција, истакна Арсовска.