ДЕТАЛИ: Серија земјотреси на македонско-албанската граница

од Берта Китинска
387 прегледи

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 100 km југозападно од Скопје во Република Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Дебар.

Од оваа серија во западните и северозападните почуствувани беа пет земјотреси и тоа:

– во 08 часот и 05 минути со локална Рихтерова магнитуда M L 3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,

– во 08 часот и 09 минути со локална Рихтерова магнитуда M L 2.7 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,

– во 08 часот и 10 минути со локална Рихтерова магнитуда M L 4.4 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,

-во 08 часот и 11 минути со локална Рихтерова магнитуда M L 3.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичкаскала,

– во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда M L 2.6 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични содржини