Порф.Трајковски: Mерките се олеснуваат, не верувам дека ќе запре преносливоста на вирусот

од Берта Китинска
324 прегледи

Делта сојот стаса порано кај нас, а некаде веќе и заврши како во Гостивар на пример, вели порф.Дејан Трајковски во Утрински Брифинг.

-Забележуваме дека во последните два дена почна да се намалува ефективниот репродукциски број. Не верувам дека ќе запре преносливоста на вирусот затоа што имаме олеснување на мерките и отворање на објектите. Можеби овие два дена трендот се должи на намалување на бројот на тестирања. Но, стапката на позитивни тестови сепак не се намалува, изнесува некаде околу 16%. Треба да почекаме неколку дена да се стабилизира бројот на тестирања, а јас очекувам зголемување, не драстично, но зголемување на бројот на заразени, вели проф. Трајковски.

Тој вели дека ефективноста на вакцините го прикажува намалувањето на ризикот од заразување и ризикот од смртност кај заразените.

Слични содржини