Овие локални избори потврдија дека народот се спротивставува на политичарите кои немаат слух за неговите барања, но и фактот дека завршува времето на лагите и непринципиелноста во политиката. Загубениот кредибилитет преку локалните избори, очекувам да се преслика и на парламентарната власт, односно многу скоро тие промени ќе продолжат и на централно ниво,вели вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за српскиот дневен весник „Политика“
-Народот со право е разочаран и има чувство дека премногу жртвуваше за нешто што не го доби. Воедно тука би нагласил дека силно влијание има и несериозниот однос на македонската влада која тргуваше со најсветите нешта за македонскиот народ, идентитетските прашања кои се наше обележје,додава Мицкоски.