Шилегов: Ги реконструиравме сите 23 средни училишта на градот со пари од „Скопје 2014“

од Берта Китинска
248 прегледи

Денес сакам да потсетам на уште една клучна разлика меѓу движењето напред кон прогресот и развојот на Скопје и влечењето назад заради нечии криминални интереси. Оваа година ја започнавме реконструкцијата на објектот на средното училиште Кочо Рацин во скопската општина Ѓорче Петров. За оваа реконструкција инвестиравме 52 милиони денари од Буџетот на Град Скопје. „Кочо Рацин“ е последното 14-то училиште кое добива нова енергетски ефикасна фасада, а други реконструкции на објектите беа направени во сите 23 средни училишта на Град Скопје, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна својата прес-конференција.

Шилегов дополни дека денеска со гордост може да каже дека ја оствариле основната цел.

– Сите средни училишта во Град Скопје имаат енергетски ефикасни фасади и услови за нормално и достоинствено одвивање на наставниот процес. Тоа го направивме и за учениците и за вработените во училиштето. Нашите деца, нашите најсакани заслужуваат да учат во подобри услови. Нашите наставници, луѓето од оваа исклучително важна и тешка, но, и благородна професија, заслужуваат да работат во подобри услови, рече Шилегов.

Тој ги повика граѓаните да гласаат в недела, за, како што нагласи „да можеме да продолжиме заедно во оваа насока“.

На новинарско прашање за очекувањата од исходот од гласањето во Општина Ѓорче Петров и кои гласови смета дека ќе бидат пресудни, Шилегов одговори дека секој глас на секој граѓанин е важен.

Слични содржини