Сопругата на Пендаровска во посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

од Берта Китинска
700 прегледи

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Кабинетот за психолошка поддршка во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија по повод одбележувањето на Октомври – Месецот на борба против рак на дојка.

-На онколошките пациенти покрај редовната терапија неопходна им е адаптација, навремени и ажурирани информации за текот на третманот, разбирање и прифаќање на емоциите. Особено значајна е психолошката поддршка низ целиот процес на нивното лекување.При мојата денешна посета на ЈЗУ Клиника за онкологија и радиотерапија ги посетив онколошките пациенти кои овде примаат терапија и се запознав со работата на кабинетот за психолошка помош. Психолозите неуморно даваат се од себе да може да им го олеснат процесот на лекување на овие пациенти, вели Ѓоргиевска.

Слични содржини