Османи: Мора да најдеме начин да ги почнеме преговорите во најскор можен рок

од Берта Китинска
224 прегледи

Ние мора да најдеме начин да ги почнеме преговорите во најскор можен рок и мене ми е задоволство што  вчера Ескобар па и други претставници од ЕУ алармирааат дека имаме сериозен проблем во регионот и дека не може ова прашање да го држи во заложништво стабилноста на целиот регион и европската перспектива, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Вториот дел како ќе ги надминеме разликите, тоа е еден процес. Процес чија рамка ја дава договорот од 2017 година, преку комисијата. Оваа промена во пристапот од бугарската страна мислам дека е еден процес на саморефлектирање. Не можам да ги проценам уште намерите бидејќи заради изборите немавме и редовна комуникација за да си ги размениме ставовите и  прашањата, меѓутоа јас се обидувам да го наметнам тоа размислување дека не можете никому да наметнете право на самоидентификација или да му забраните ниту пак да наметнете апсолутна вистина, државата мора тоа да го гарантира на сите граѓани прво на Македонците, мнозинска заедница, на Албанците, Турците, Ромите па и на Бугарите тие што се чувствуваат така да имаат право да се самоопределат и да си ги манифестираат своите културни атрибути. Државата ниту до сега има забрането, ниту од сега треба да забрани таква можност и слобода за самоидентификација на граѓаните, вели Османи на новинарско прашање по партиската прес-конференција во седиштето на неговата матична партија ДУИ.