Драги сограѓани, соседи, роднини и пријатели, Недела е важен ден за Демир Хисар, важен за сите нас, да продолжи напредокот на нашиот роден крај, порчува преку својот Фејсбук Стевче Митревски кандидат за градоначалник на СДСМ, за Демир Хисар.
-Во недела е важно да гласаме, заедно да ја заокружиме победата.Очекувам дека ќе ја потврдиме предноста од првиот круг, но и дополнително ќе ја зголемиме разликата.Имам јасен план за понатамошен развој на нашиот убав Демир Хисар.Вие почитувани граѓани правите разлика помеѓу мојата и понудата на мојот противкандидат.Знаете дека проектите во мојата програма се остварливи и реални и дека ќе го унапредат квалитетот на живот во сите населени места.Таквата разлика треба да се потврди и на денот на гласање.Затоа в недела да излеземе масовно, да го искористиме своето право на глас, да заокружиме број 12.Да гласаме за број 12 за да продолжи напредокот на Демир Хисар!, порачува Митревски.