Претседателот на Барсa: Куман требаше порано да биде отпуштен

од Nikola Popovski
450 прегледи

„Барселона уште претходно требаше да го замени Роналдо Куман“, изјави претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.

Холанѓанецот доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано, втор по ред откако Каталонците загубија од Реал Мадрид минатиот викенд.

„Гледајќи ја денешната ситуација, тоа веројатно би била најдобрата одлука“, рече Лапорта на прес-конференцијата на која го претстави Серхио Бархуан како привремен тренер.

„Сега е лесно да се каже, но тоа се околностите кои не натераа да чекаме. Мислевме дека на Куман ќе му треба повеќе време. Ја преземам целосната одговорност, но ситуацијата дојде до точка која беше неодржлива“, додаде тој.

Лапорта се осврна и на тврдењата на шпанските медиуми дека Чави Ернандез ќе биде новиот тренер на Барселона, потврдувајќи дека преговорите напредуваат, но се уште не е постигнат договор.

„Тој е пријател и секогаш мислев дека Чави еден ден ќе биде тренер на Барселона. Тоа е неговиот приоритет во животот. Ако постигнеме договор, ќе ја има нашата целосна поддршка. Името на Чави е во сите медиуми, но Барселона има и други опции“, изјави Лапорта.

Барселона моментално е на деветтото место во Примера со 15 бодови, девет помалку од водечкиот Реал Сосиедад и шест од второпласираниот Реал Мадрид.

Слични содржини