По удар од автомобил, 70-годишна струмичанка заврши во болница

од Берта Китинска
241 прегледи

На 29.10.2021 во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.